Во интервју за „Euronews“, Албанија претседателот Стево Пендаровски зборуваше за евро – интегративниот пат на Северна Македонија и Албанија, како и дека напредокот на земјите од Западен Балкан е можен само ако шесте држави работат заедно и ја развиваат регионалната соработка. Претседателот Пендаровски во интервјуто се осврна и на неговата работа во изминатите години, во кои како што рече, бил еднаков кон сите етнички заедници и согласно со неговите уставни и законски надлежности се залагал секој поединец, без разлика на која етничка заедница припаѓа, да го добие своето место во македонското, мултиетничко општество.
Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик
По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...




