Граѓаните со свои предлози можат да се вклучат во изработката на МКД2030

17 февруари 2022 | Соопштенија

Со цел да креираме политики кои ќе бидат долгорочни, одржливи и консензуално поддржани, а во насока на транспарентност на процесот за изработка на Рамката за развој МКД2030, граѓаните и сите заинтересирани чинители во општеството имаат можност да достават свои предлози, ставови и мислења со директно испраќање преку интернет страницата www.mkd2030.mk посветена на Рамката за развој МКД2030.

Интернет страницата www.mkd2030.mk  е со цел информирање и запознавање на пошироката јавност со МКД 2030, како Рамка за развој на Република Северна Македонија и стратешки документ кој се изготвува на иницијатива на претседателот Стево Пендаровски.

Интернет страницата ги сублимира информациите и активностите поврзани со МКД2030, што претставува овој документ и која е неговата цел, како се изработува и кој учествува во неговата подготовка.

Преку овој отворен процес на консултации настојуваме да создадеме конкретни и конструктивни решенија, коишто ќе претставуваат реален интерес за граѓаните и ќе придонесат за развој на државата и општеството.

Вклучете се преку www.mkd2030.mk

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...