Признанието го доделува претседателот на Република Северна Македонија како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во Република Северна Македонија.
Признанието се доделува за резултати постигнати во текот на 2019 година, во осум (8) категории:
- Најдобар/а млад/а научник/чка во општествените науки;
- Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки;
- Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки;
- Најдобар/а млад/а научник/чка во медицинските науки;
- Најдобар/а млад/а иноватор/ка;
- Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта);
- Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост);
- Најдобар/а млад/а уметник/чка.
Јавниот повик ги опфаќа сите лица што заклучно со 2019 година навршуваат 35 години, а кои постигнале значајни резултати во соодветната категорија, освен за шестата категорија (млад талент) за која можат да се пријават само ученици и ученички од средните училишта.
Пријавените кандидат(к)и треба да достават доказ за исполнување на долунаведените услови (за соодветната категорија):
- за категориите 1-4: а. Список и копија од објавени научни публикации (во смисла на дефиницијата за „референтна научна публикација“ дадена во Законот за високо образование – „Сл. весник на РМ“ бр. 82 од 8 мај 2018 год.); и/или б. Список и копија од научни книги (авторски монографски изданија) објавени од македонски издавач.
- за категоријата 5: а. Копија од сертификат за патенти регистрирани од референтна институција; и/или б. Копија од сертификат или друг официјален доказ од референтна институција за признати значајни резултати во областа на иновациите; и в. Проценка на позитивното влијание на иновацијата во поглед на решавање на одреден проблем и предизвик и во поглед на обемот на целната публика; и г. Економска скалабилност на идејата, односно колку лесно иновацијата може да се репродуцира (без да се копира), со цел во најкраток можен период да реши што поголем број проблеми и предизвици; и д. Иновацијата не треба да ѝ наштетува на животната средина на каков било начин.
- за категоријата 6: а. Копија од сертификат, диплома или друг официјален доказ за постигнати значајни меѓународни и домашни резултати или награди во различни области (вклучувајќи ги и културата и уметноста) и б. Потврда за статус на редовен ученик во средно училиште; и/или в. Препорака од ментор/професор со кој кандидатот/кандидатката работел/а на одредена тематика и покажал/а извонреден успех.
- за категоријата 7: а. Вклученост во процесот на инклузивно образование (училиште, факултет); и/ или б. Постигнат особен успех во образовниот процес; и/или в. Учество во активности во училишната заедница/факултет; и/или г. Остварено влијание во заедницата со активности што ја подигнуваат свеста за инклузијата на лицата со попреченост.
- за категоријата 8: a. Список и копија од објавени/изведени уметнички дела (снимки, фотографии и сл.) и б. Список и копија од критички осврти за уметничките дела; и/или в. Список на награди и признанија за уметнички остварувања.
Право на учество имаат сите граѓан(к)и на Република Северна Македонија што ги исполнуваат наведените услови. Горенаведените материјали заедно со биографија и со уверение за државјанство на Република Северна Македонија да се достават во еден печатен и еден електронски примерок (УСБ или wetransfer линк) до Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија или на uspesnimladi@stevopendarovski.mk, најдоцна до 18.09.2020 година. За подетални информации, обратете се на следната мејл адреса: s.bukla@stevopendarovski.mk, и на телефонскиот број 070 409 181.
Препознавајќи ги социо-економските предуслови на поединците како значаен фактор во пристапот и можностите за образование и професионален напредок, со овој повик особено ги охрабруваме сите млади кои припаѓаат на ранливи категории да поднесат апликации за признанието “Успешни млади”.
|
Кабинет на претседателот на Република Северна Македонија Вила „Водно“
|





