Обраќање на претседателот Пендаровски на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност

21 септември 2023 | Обраќања, Соопштенија

© Фото: Кристијан Георгиевски

Претседателот Стево Пендаровски вчера попладне во Њујорк се обрати на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност, на тема „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективен мултилатерализам: одржување на мирот и безбедноста во Украина“.

Во обраќањето, претседателот Пендаровски порача дека најитната задача на Советот за безбедност е да биде проактивно ангажиран за ставање крај на војната во Украина. „Единствениот начин да се постигне оваа цел е преку дипломатија и преговори, засновани на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници. За таа цел, првиот чекор треба да биде итно и безусловно примирје, за да се создаде амбиент за почеток на преговорите. Во текот на целиот процес, Обединетите нации треба да воспостават мировна мисија со главна задача да го надгледува примирјето и хуманитарната помош за цивилите“, истакна претседателот Пендаровски на отворената дебата на Советот за безбедност.

© Фото: Кристијан Георгиевски

„Агресијата на Руската Федерација против Украина нанесе силен удар врз меѓународниот мир и безбедност, основните принципи на меѓународното право и меѓународниот поредок.

Оваа војна го предизвика мултилатерализмот, како основа на меѓународниот поредок, на невидено ниво. А, како што сите знаеме, меѓународната и безбедносната архитектура, чиј најважен одраз се Обединетите нации, е насочена кон мултилатерализмот.

Сегашната ситуација е резултат на игнорирањето на обврските содржани во Повелбата на ОН од 1945 година. Без почитување на суверената еднаквост и територијален интегритет на секоја земја-членка, не можеме да зборуваме за ефективен мултилатерализам. Досега видовме неколку обиди за редефинирање на основите на меѓународниот поредок, но ниту еден од нив не доби толку широка поддршка како принципите што цивилизираниот свет ги воспостави по ужасите на Втората светска војна.

Во таа смисла, блокадата во која се наоѓа Советот за безбедност како главно тело на ОН, кое има за цел зачувување и унапредување на меѓународниот мир и безбедност, беше поттикнат токму од непочитувањето и, би рекол, дури и свесното заобиколување на основните принципи на меѓународниот поредок.

Јасно е дека оваа блокада го намалува кредибилитетот и довербата на луѓето дека Обединетите Нации можат ефективно да ја постигнат клучната цел за која беа формирани пред речиси осум децении. Без веродостојна алтернатива во перспектива на сегашниот меѓународен поредок кој ќе има мнозинска поддршка од нациите, разбирливо е зошто фрустрацијата на луѓето од неактивноста на ОН станува сѐ посилна.

Јасно е дека современиот свет е многу различен од светот во 1945 година и Советот за безбедност на ОН треба да се соочи и да биде во склад со оваа нова реалност. Во рамките на тековните дебати за евентуалната реформа на главното тело на ОН, треба темелно да се разгледа прашањето за ветото на постојаните членки, особено кога една од нив е вклучена во конфликт.

Најитната задача на Советот за безбедност е да биде проактивно ангажиран за ставање крај на војната во Украина. Единствениот начин да се постигне оваа цел е преку дипломатија и преговори, засновани на почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

За таа цел, првиот чекор треба да биде итно и безусловно примирје, за да се создаде амбиент за почеток на преговорите. Во текот на целиот процес, Обединетите нации треба да воспостават мировна мисија со главна задача да го надгледува примирјето и хуманитарната помош за цивилите.

Клучните компоненти на идниот мировен договор треба да бидат, прво, целосно почитување на територијалниот интегритет на Украина, целосно повлекување на руските трупи, овозможување на враќање на сите бегалци и внатрешно раселени лица во нивните домови, голема поддршка за постконфликтна обнова на уништената земја и меѓународни гаранции за правата на сите етнички и верски заедници кои живеат во Украина со векови.

Како што реков, војната во Украина сериозно го поткопа кредибилитетот на светската организација, но нуди, исто така, извонредна можност за Советот за безбедност да дејствува во согласност со принципите на Повелбата на ОН и да помогне да се врати довербата на народите во Обединетите нации како незаменлива глобална организација.

Ви благодарам за вниманието“.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...