Претседателот Пендаровски ја прими регионалната директорка на ОН за Европа и Централна Азија, Гви Јеоп Сон

23 февруари 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими регионалната директорка на Обединетите Нации за Европа и Централна Азија, Гви Јеоп Сон.

На средбата беше разговарано за политичките случувања во земјава, регионалните иницијативи и соработка, како и за ангажманот на Обединетите Нации во регионот.

Претседателот Пендаровски и регионалната директорка на ОН разменија мислења за политиката на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и за динамиката на пристапните преговори на Северна Македонија. Во таа насока беа потенцирани реформските процеси, значењето на Националната развојна стратегија и МКД2030, коишто беа изработени и се имплементираат со поддршка на Програмата за развој на ОН (УНДП).

Претседателот Пендаровски изрази задоволство од севкупната соработка со агенциите и телата на Обединетите Нации во земјава, со цел спроведување на долгорочните развојни приоритети на Северна Македонија, градење на институционалните капацитети и успешна реализација на реформите во повеќе клучни области.

Двајцата соговорници разменија мислења и за последиците предизвикани од руската воена инвазија врз Украина, како и за заканите од лажни вести и пропаганди.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...