Претседателот Пендаровски го прими претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп

21 декември 2020 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, што се одвиваат во духот на силно традиционално пријателство и партнерство, преку соработка на сите нивоа.

Претседателот Пендаровски изрази уверување дека со сојузништвото во НАТО двете држави даваат придонес за стабилноста и безбедноста во регионот. Двајцата соговорници изразија очекување за натамошно продлабочување на македонско-турските билатерални односи, во сите сфери од заемен интерес, вклучувајќи ја меѓупарламентарната соработка.

На средбата беа разменети мислења и информации и за актуелните состојби во двете држави, вклучително и во контекст на пандемијата од Ковид-19, како и за целокупните состојби во регионот.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за севкупната помош од Турција за справување со пандемијата од Ковид-19, истакнувајќи ја важноста на солидарноста, соработката и меѓусебната поддршка на државите, како важен предуслов за успешно справување со последниците од глобалната пандемија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...