Средба со директорот на „Струшки вечери на поезијата“ и добитниците на наградите „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“

30 август 2021 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Тодорче Тасевски, директор на „Струшки вечери на поезијата“, Владан Кречковиќ, добитник на меѓународната награда „Мостови на Струга“ и Лидија Димковска, добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“.

На средбата, директорот Тaсевски го информираше претседателот Пендаровски за програмата и настаните во рамките на јубилејното 60-то издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Тој посочи дека на фестивалот годинава учествуваа повеќе од 30 домашни и странски поети од постарата, но и од помладата генерација, а се одржаа и меморијални чествувања на доајените на македонската поезија Анте Поповски и Богомил Ѓузел. Директорот информираше и за промоцијата на монографското издание „Избор од поезијата и кратката проза од Блаже Конески“ како дел од националната програма со која се одбележуваат 100 години од раѓањето на великанот на македонската култура.

Наградените поети Владан Кречковиќ и Лидија Димковска, заблагодарувајќи се за приемот кај Претседателот, истакнаа дека за нив претставува голема чест и привилегија што добиваат признанија на овој голем јубилеј на „Струшки вечери на поезијата“, како еден од најстарите и најзначајните светски поетски фестивали.

Претседателот Пендаровски, честитајќи го огромниот успех – шест децениската организација на Струшките вечери на поезијата, истакна дека нашата држава е горда што низ овие 60 години успеа да востанови врвен фестивал кој опстојува на светската поетска сцена со препознатлив карактер и идентитет.

На средбата, претседателот Пендаровски им ги честиташе добиените признанија на Владан Кречковиќ, добитник на меѓународната награда „Мостови на Струга“ под покровителство на УНЕСКО, што се доделува за најдобра дебитантска поетска збирка на поет под 35 годишна возраст и на Лидија Димковска, добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија.

Годинешен лауреат на „Струшки вечери на поезијата“ е британската поетеса Керол Ен Дафи.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...