Став од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија

30 ноември 2021 | Соопштенија

По повод наводите и прашањата за анализата на јавното мислење презентирана од страна на Претседателскиот центар за политичко образование (ПЦПО) и „Институтот за демократија Социетас-Цивилис“, ве информираме за следново:

Кабинетот на претседателот Пендаровски нема нарачано, платено, ниту спроведено анкета за истражување на јавно мислење. Носител на анкетата за јавно мислење е „Институтот за демократија – Социетас Цивилис“.

Ниту еден денар не е потрошен од буџетот на Кабинетот на претседателот Пендаровски. Финансиските средства за анкетата се обезбедени од буџетот на „Институтот за демократија – Социетас Цивилис“.

Настанот на кој се презентираше анализата и имаше дебата е организирана во рамки на редовните активности на Претседателскиот центар за политичко образование и во согласност со Меморандумот за соработка склучен со Институтот за демократија.

Целта на истражувањето е популизмот и авторитарните тенденции како негативен општествен и политички феномен. Изразот „Човек од народот“ не се однесува на претседателот Пендаровски, туку е анализа на ставовите на граѓаните во однос на популистичките тенденции во политиката.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...