Средба на претседателот Пендаровски со пензионираните генерали во Армијата

27 декември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Домот на Армијата во Скопје оствари средба со пензионираните генерали во Армијата.

На традиционалната предновогодишна средба со пензионираните генерали, претседателот Пендаровски истакна дека Република Северна Македонија со зачленувањето во НАТО исполни една од нашите главни стратешки цели и се валоризираа севкупните напори на сите што работеа во областа на одбраната, а каде голем удел имаа и сите припадници на Армијата, од независноста до денес.

Армијата на Република Северна Македонија денес, нагласи претседателот Пендаровски, е рамноправна со сојузничките армии на другите земји членки на НАТО Алијансата, придонесувајќи за глобалната безбедност.

Претседателот Пендаровски им се заблагодари на пензионираните генерали за нивниот значаен придонес во градењето на Армијата.

Претседателот рече дека инвестирањето во модернизирањето и опремувањето на Армијата мора да продолжи и дека еден од неговите главни приоритети останува во следните години да се достигне зацртаната цел, 2% од БДП да се одвојува за одбраната.

На традиционалната предновогодишна средба, покрај дваесет и четворицата пензионирани генерали, од кои петмина се пензионирани началници на Генералштабот, присуствуваа и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска Јанковска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и претставници од Кабинетот на претседателот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...