Претседателот Пендаровски „Лице в лице“ со планинарката Мира Симоновски од Делчево

16 март 2024 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“, ја посети планинарката Мира Симоновски од Делчево.
Во разговор со претседателот Пендаровски, 74- годишната Симоновски ги сподели впечатоците од нејзиното последно достигнување, искачувањето на врвот Ухуру на планинскиот масив Килиманџаро во Африка, којшто се наоѓа на 5895 метри надморска височина, како дел од експедицијата на Клубот за планински спортови АЗОТ.
Во оваа насока, таа додаде дека ова е втор врв којшто го искачила по навлегувањето во осмата деценија од својот живот. Имено, во септември 2020- тата година, со наполнети 70 години ја достигнала висината од 5137 метри на врвот Арарат, во Источна Анадолија. Со тоа станала и првата жена планинар од Делчево. Освен овие поголеми експедиции, во достигнувањата на Мира Симоновска се вбројуваат и неколкукратни искачувањата на врвот Триглав.
Честитајќи ѝ за храброста, ентузијазмот и одличната физичка подготвеност, претседателот Пендаровски изрази надеж дека успесите на Мира Симоновски ќе бидат инспирација и мотивација за многу други планинари.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...