Средба на претседателот Пендаровски со членови на Надзорниот и на Управниот одбор на групацијата Штаермаркише Шпаркасе

26 јули 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими членови на Надзорниот и на Управниот одбор на банкарската групација Штаермаркише Шпаркасе (Steiermärkische Sparkasse), како и претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

На средбата, претставниците на групацијата го информираа претседателот Пендаровски дека во Северна Македонија, Шпаркасе Банка работи од 2008-ма година. Тие, истовремено, изразија подготвеност да останат посветени на земјата и на регионот имајќи предвид дека групацијата има отворено свои претставништва и во 5 други земји во регионот.

Заблагодарувајќи се за посетата на земјава, претседателот Пендаровски истакна дека односот на Австрија и Северна Македонија се заснова на меѓусебна почит и доверба. Австрија, како што потенцираше претседателот Пендаровски, во континуитет дава силна поддршка за влез на Северна Македонија во Европската Унија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...