Претседателот Пендаровски се обрати на свеченото отворање на СКОМРАХИ 2022

2 ноември 2022 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер во Драмскиот театар во Скопје се обрати на свеченото отворање на 30-тите Меѓународните средби на студентите на академиите и факултетите  за драмски уметности СКОМРАХИ 2022, што под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија се одржуваат од 1 до 5 ноември.

 Почитувани пријатели, студенти, професори, уметници,

Знаете подобро од мене дека театарот е поле на најдревното артикулирање на секоја човекова доблест или маана, и на неговите најдлабоки емоции, болката, радоста или тагата. А, театарската сцена е просторот во кој секој од нас се соочува со вистината за себе и за светот, колку и да е таа непријатна.

Од прастари времиња, задача на драмската ситуација е да покаже став и да се позиционира или кон општествените аномалии или во однос на слабите точки на човековата интима. Но, најважната функција на оваа специфична уметност е да го толкува светот како отворен процес со мноштво нијанси во себе, како и да ги поставува прашањата во еден критички дискурс, кои политичката сцена, за разлика од театарската често сака да ги премолчи.

Тоа е суштинската, еманципирачка улога на театарот, да искажува ставови без страв и низ актуелните естетски форми да биде гласот на оние од маргините. Мајсторите низ драмските дејствија во театарот знаат како професионално да ги артикулираат клучните цивилизациски теми, затоа што се во постојана потрага по вистинскиот пат за отворање на прашањата, што е далеку поважно од нивното затворање.

Токму во овој контекст, од исклучително значење е тридеценискиот живот на нашите СКОМРАХИ, како меѓународна средба на академиите и факултетите за драмски уметности. Во овие времиња кои често се одликуваат со неразумни поделби меѓу нас, со губење на супстратот на она што се нарекува органска, креативна заедница, СКОМРАХИ со својот концепт, во кој се спојуваат различните култури и креативни потенцијали на Европа, се неопходни.

Динамично, налик на патувачките уметници, кои пред векови знаеле дека отпорот и мобилниот номадски дух се клучот за опстојување на заедницата, нашата креативна зона, наречена СКОМРАХИ верувам дека ќе трае за да биде поттик за создавање на иновативен театарски, драмски и актерски јазик. Јазик кој и понатаму ќе ги следи античките дефиниции, кои укажуваат дека во суштината на драмското дејствие се конфронтацијата и дијалогот преку кои се искачуваме скалило погоре во потрагата по слободата.

Неодамна починатиот театарски режисер, Питер Брук, велеше: „Да се биде со мејнстримот не е многу тешко – плимата е моќна и лесно е да дозволиме да нè зафати во својот правец. Единствено има смисла да се оди против плимата, иако е многу тешко.“

Драги пријатели,

Ви посакувам денови на креативна размена и уметничка конфронтација, и се разбира, пловидба наспроти плимата.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...