Средба на претседателот Пендаровски со раководството на Народната банка на Република Северна Македонија

6 декември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска беше во посета на Народната банка на Република Северна Македонија, каде оствари средба со гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерите и со претставници на експертскиот тим.

На средбата беа претставени економските остварувања оваа година и очекувањата и оценките на Народната банка за следниот период, согласно со најновите проекции.

Во таа насока, беа презентирани макроекономските проекции за наредната година, како и предизвиците за периодот што следи. Воедно, се разговараше за општата економска состојба во Северна Македонија и ефектот што го има врз неа движењето на меѓународните пазари.

Раководството на Народната банка го информираше претседателот Пендаровски за тековната монетарна политика која ја спроведува Народната банка, одржувањето на банкарската стабилност, како и исполнувањето на целите на банката во поглед на ценовната стабилност и стабилноста на денарот.

Претседателот Пендаровски во рамки на посетата го разгледа Нумизматичкиот музеј на Народната банка во кој се изложени околу 23 000 примероци на монети и книжни пари од најразлични периоди на македонската историја.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...