Петти модул на Школата за политики за 2023 година при Претседателскиот центар за политичко образование

29 октомври 2023 | Соопштенија

Школата за политики за 2023 година беше заокружена викендов во Охрид со одржувањето на петтиот модул, насловен „Градење општествена отпорност кон штетните влијанија на дезинформациите“.

Петтиот модул започна со предавања на Владимир Петрески од фондацијата Метаморфозис и главен и одговорен уредник на Вистиномер на темите „Современиот феномен на дезинформациите – како и зошто дезинформациите влегоа во глобалниот јавен дискурс на голема врата“ и „Пропагандата на странското малигно влијание и неговата улога во ширењето на дезинформациите“, а на отворањето воведни обраќања имаа проф. д-р Александар Љ. Спасов и Филип Стојановски, директор за партнерство и развој на ресурси во Фондација Метаморфозис.

На тема „Методологија на проверката на факти – постапки и чекори на аналитичкиот процес“ говореше Елида Зулбеари од фондацијата Метаморфозис и главен и одговорен уредник на Порталб.мк, додека предавање на тема „Справување со дезинформации – креативни начини за справување со дезинформации“ одржа Владимир Петрески.

Миле Бошњаковски, генерален секретар на Кабинетот на  претседателот на Република Северна Македонија одржа предавање на тема „Кризен менаџмент во политичка комуникација“, додека предавање на тема „Политички говор: структура, содржина и изведба“ одржа проф. д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование и советник на претседателот за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања.

На темите „Најчести дезинформациски теми во македонскиот јавен дискурс“, „Геополитичка перспектива на дезинформациските текови во Западен Балкан“ и „Проверка на факти на Фејсбук – како најголемата социјална мрежа на светот се справува со дезинформациите“ говореа Деспина Ковачевска, Филип Стојановски и Владимир Петрески од фондацијата Метаморфозис.

Петтиот модул на Школата за политики за 2023 година заврши со предавањата на тема „Говор на омраза – дефиниција и историјат; говорот на омраза во Северна Македонија, што вели законската регулатива“ на Горан Ризаов и Деспина Ковачевска, на тема „Спречување на дезинформациски напади за организации и поедници“, одржано од Владимир Петрески и „Градење општествена отпорност на штетните влијанија на дезинформациите преку развој на јавни политики; медиумска писменост – како медиумската програма на Фондацијата Метаморфозис се справува со дезинформациите“, одржано од Филип Стојановски, Горан Ризаов и Владимир Петрески од фондацијата Метаморфозис.

Школата за политики се одржа трета година по ред, во соработка со партнерските фондации и организации кои се дел од Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование: фондацијата „Фридрих Еберт“ за Северна Македонија, Меѓународниот републикански институт (ИРИ), фондацијата „МК2025“, фондацијата „Конрад Аденауер”, фондацијата за демократија на Вестминстер во Северна Македонија и Националниот демократски институт (НДИ).

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...