Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Партијата за движење на Турците, Енес Ибрахим.
На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во државата, со посебен акцент за состојбите на турската заедница во Северна Македонија.
Претседателот Пендаровски на средбата уште еднаш изрази длабоко сочувство по неодамнешниот разорен земјотрес во Република Турција, потенцирајќи ја македонската солидарност и подготвеноста за помош на пријателскиот турски народ.





