Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски.
За време на престојот, се сретнаа и поразговараа со претседателот, а имаа можност и да ги посетат просториите во коишто се одвиваат официјалните и работните средби, како и салите во коишто се реализираат состаноци, свечености, настани и прес-конференции. Во Мозаик салата ги разгледаа „Македонија – светла земја“ и „Македонија земјата памети“, на еден од најзначајните македонски уметници академик Глигор Чемерски.
Посетителите беа запознаeни со историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот и со начинот на функционирање на институцијата.
Отворен Кабинет во континуитет овозможува посети на Кабинетот и непосредни средби со претседателот Пендаровски. Институцијата досега ја посетиле илјадници граѓани од различни возрасти, професии и занимања, студенти од земјава и од странство, ученици од основни и средни училишта, како и голем број организации и институции.





