Отворен Кабинет за ученици од ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес и од ООУ „Димитар Миладинов“ од Скопје

7 април 2023 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет денеска го посетија ученици од ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес и од ООУ „Димитар Миладинов“ од Скопје.

Учениците се сретнаа со претседателот Пендаровски и разговараа за неговите надлежности, за обврските што произлегуваат од претседателската функција, како и за редовните активности. На средбата, тие ги споделија интересите во рамки на образовниот процес, во контекст на нивните идни професионални определби.

Посетителите ги разгледаа работните простории на Кабинетот во кои се реализираат официјалните и работните средби, како и Мозаик салата во која е поставен импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“ дело на еден од најзначајните македонски уметници академик Глигор Чемерски. Од вработените беа запознати со начинот на функционирање на институцијата.

Отворен Кабинет како дел од проектот Лице в лице со Претседателот овозможува директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Во изминатиот период Кабинет го посетија граѓани од различни возрасти и занимања, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...