Отворен кабинет со ученици од Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници

6 декември 2023 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од средните училишта: СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС Марија Склодовска Кири и СУГС Лазар Танев коишто учествуваат во Програмата за младински лидери од маргинализирани заедници, чија цел е развој и унапредување на лидерството во граѓанското општество во Северна Македонија.

Посетителите имаа можност да се сретнат со претседателот Пендаровски и да разговараат за нивните идни образовни планови и професионални определби, а ги споделија и своите искуства од досегашната реализација на петте проекти во рамки на програмата, насочени во неколку социјални области.

Претседателот Пендаровски ја поздрави нивната проактивност, изразувајќи уверување дека ваквите заложби имаат важен позитивен придонес во општествените процеси.

За време на престојот во Кабинетот, учениците имаа можност и да присуствуваат во просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби,  во салите во коишто се одржуваат состаноци, свечености, настани и прес-конференции, како и да го разгледаат импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“ на авторот – академик Глигор Чемерски, поставен на двата ѕида во Мозаик салата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...