Обраќање на претседателот Пендаровски на свеченото отворање на 63. издание на „Охридско лето“

12 јули 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на свеченото отворање на 63. издание на меѓународниот фестивал „Охридско лето“, кој традиционално се одржува под покровителство на претседателот на државата.

На свеченото отворање уметничката порака ја пренесе Бисера Чадловска, прва жена диригент во Националната опера и балет, која неодамна ја одбележа 20-годишнината од својата уметничка дејност. Таа важи за еден од најплодните оперски и балетски диригенти, под чија диригентска палка се реализираат голем број оперски и балетски претстави со ансамблот на Националната опера и балет.

Свое обраќање на отворањето на фестивалот имаше и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Годинешното издание на фестивалот „Охридско лето“ беше отворено со настапот на романскиот сопран Анџела Георгиу, заедно со оркестарот на Националната опера и балет.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Драги пријатели,

Конески велеше: духот не може лесно да се потчини, ниту да се вкалапи, следствено, ниту уметникот и неговото дело. Оттаму, посакувам слободната мисла, која уметниците овде, во Охрид, ја претставуваат низ своите креации, да го преобликува и да му даде поинаква суштина, барем за миг, на она што е гнило и проблематично во светот. Бидејќи токму во тоа е значењето на гласот на уметникот – да укаже на она што ги повредува луѓето и да ги истакне нашите доблести кои бездруго ги имаме повеќе од нашите пороци.

Повеќе од шест децении „Охридско лето“ е местото каде што пристигнуваат најрелевантните уметнички продукции од сите страни на светот. Со комуникација на човековите искуства, артикулирани низ различните уметнички форми, можеме длабински да ги согледаме сите битни социо-културни движења. Особено, кога станува збор за можноста која ја дава програмата и концептот на Охридско лето, имено, размислувањата за акутните состојби кои ги засегаат луѓето, да се вкрстат преку различните уметнички изрази со потекло од најразличните културни контексти.

Почитувани,

Не постои ништо поважно од континуитетот во градењето на институционалната меморија на нацијата. Фестивалот „Охридско лето“ е парадигма за токму таквиот континуитет, кој преку својот шеесет и три години грижливо архивиран и развиван институционален капитал остава темелни траги во меѓународната размена на културни и уметнички вредности.

Во овој древен град, се чува античкото, но, се создава и вреднува и современото. Тука раскошот на природниот амбиент со векови ги инспирира луѓето да го покажат најдоброто во градителството, во уметноста и духовноста. На таа хармонија и убавина, на историјата и културата, фестивалот „Охридско лето“ природно и спонтано се надоврзува, нудејќи го најдоброто од музичката и сценската уметност, грижливо селектирано од сите светски меридијани. При тоа, фестивалот остава длабока трага помеѓу бројните цивилизациски и културни слоеви напластени во овој навидум мал, а толку многу значаен простор.

Круцијален национален императив е да го задржиме нивото и квалитетот што со себе го носи фестивалот „Охридско лето“. Само на тој начин ќе оставиме достоен печат на своето постоење во времето во кое живееме. Да оставаме вредности и патокази за следните генерации, да вложуваме во културата и во уметноста.

И не само тука во Охрид, да овозможиме уметниците да продолжат да нудат визија за еден подобар свет. Затоа што, како што вели минатогодишната нобеловка за книжевност, Ани Ерно – „Болката не може да се чува недопрена…, најдобриот начин за нејзина трансформација е преку јазикот на уметноста. Бидејќи, ако ги имаме вистинските зборови, ако го имаме вистинскиот јазик, оружјето нема да ни биде потребно.“

Драги пријатели,

Во мигови кога човештвото се наоѓа пред безброј предизвици кои ги негираат клучните цивилизациски придобивки, повеќе од потребни ни се уметноста и културата преку кои ќе повратиме барем дел од загубените или злоупотребени вредносни системи.

Посакувам успешни фестивалски денови и креативна размена на искуства помеѓу уметниците од целиот свет.

Со оваа мисла, дозволете ми да го прогласам фестивалот „Охридско лето“ за отворен.

Ви благодарам.


Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...