Претседателот Пендаровски ги прими членовите на данскиот музички бенд „Ефтеркланг“

28 април 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на данскиот музички бенд „Ефтеркланг“, коишто во соработка со македонски музичари на 30 април заеднички ќе изведат концерт пред споменикот „Македониум“ во Крушево.

На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со музичкиот проект „Ефтеркланг македониум бенд“ и нивната инспирација за ова музичко остварување, како и со идејата за снимање на музички документарен филм од нивното патешествие во Северна Македонија и искуството со македонската музика.

Претседателот Пендаровски кој и самиот ќе биде учесник во музичкиот документарен филм, ја поздрави соработката помеѓу данските и македонските музичари, интересот на данскиот бенд за уметничко изразување во земјава и нејзино културолошко истражување, и им посака успешна изведба на претстојниот концерт во Крушево.

Домаќин на овој меѓународниот резиденцијален проект е Младински културен центар, а истиот е поддржан од Гете – институтот и Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Од македонските музичари во проектот учествуваат младински хор на МКЦ, фолклористот Стефче Стојковски, музичарите Дејан Спасовиќ, Ива Дамјановски, Дина Јашари, Мартина Бараковска, Дино Милосављевиќ и Јане Трајковски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...