Средба на претседателот Пендаровски со раководството на фестивалот „Браќа Манаки“

22 август 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими директорот на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“, Мони Дамевски.

На средбата, директорот Дамевски го информираше претседателот Пендаровски дека во рамки на овогодинешната програма на 44-тиот интернационален фестивал на филмска камера, ќе бидат прикажани 64 филмови. Истовремено, како што посочи Дамевски, гости на фестивалот ќе бидат реномирани кинематографери, режисери и продуценти од целиот свет.

Поздравувајќи ја речиси пет деценицската традиција на фестивалот, претседателот Пендаровски истакна дека го радува фактот што од година в година се повеќе се збогатува програмата на „Браќа Манаки“, а Битола ја посетуваат звучни имиња од светската филмска индустрија. Со тоа, како што потенцираше претседателот, фестивалот е промотор, не само на Битола како град, туку воопшто на македонската култура во светот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...