Кабинетот на Претседателот и Институтот за демократија потпишаа Меморандум за соработка

6 септември 2021 | Соопштенија

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија и Институтот за демократија денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Целта на Меморандумот е јакнење на меѓусебната соработка, во насока на  поддршка на активностите на Кабинетот, кои се спроведуваат во рамки на Претседателскиот центар за политичко образование. Активностите за кои постои взаемен интерес, ќе се реализираат во областа на спроведување на истражувања, подготовка на анализи, организирање на едукативни семинари, јавни дебати и конференции.

Меморандумот го потпишаа генералниот секретар  на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, Миле Бошњаковски и Марко Трошановски, директор на Институтот за демократија.

Активностите на Претседателскиот центар се насочени кон промоција на културата на дијалог во духот на демократските вредности и придонесуваат за сеопфатно вклучување на политичкото образование во формалниот и неформалниот образовен систем.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...