Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Гвинеја-Бисао

17 октомври 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Гвинеја-Бисао за Република Северна Македонија, со седиште во Москва, Алфредо Кристово Гомес Лопес.

На церемонијата на предавање на акредитивите, претседателот Пендаровски изрази уверување дека амбасадорот со својот ангажман и дипломатско искуство ќе придонесе за унапредувањето на соработката, со иницирање на конкретни содржини и форми.

„Во периодот што претстои, интензивирајќи го политичкиот дијалог меѓу двете земји, подготвени сме да ги искористиме можностите за соработка, како во економската, така и во сферата на културата, уметноста, образованието и многу други области во кои би можеле да најдеме заеднички интерес“, порача претседателот Пендаровски.

Новоименуваниот амбасадор Гомес Лопес истакна дека Република Гвинеја-Бисао е сè уште држава во ран развој, и изрази очекување за воспоставување на соработка со Северна Македонија, која ќе биде во полза на двете страни и во заемен интерес на нашите народи.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...