Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Колумбија

17 октомври 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Колумбија за Република Северна Македонија со седиште во Будимпешта, Игнасио Руиз Переа.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски истакна дека именување на Руиз Переа за нов амбасадор е доказ за традиционалното пријателство што ги поврзува нашите две земји и изрази надеж дека тоа пријателство во периодот што претстои и натаму успешно ќе се продлабочува во сите области од заемен интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

„Република Северна Македонија посветува сè поголемо внимание на развојот на односите со државите од Централна и Јужна Америка, како регион со исклучително големи можности и развојни перспективи. И покрај регионалната припадност на две различни географски целини, длабоко сум уверен дека постои значителен и автентичен интерес кај владите и на двете држави за засилен ангажман, како и за натамошно вложување заеднички напори во насока на севкупно унапредување на односите и соработката меѓу двете земји“, истакна претседателот Пендаровски во поздравниот говор.

Амбасадорот Руиз Переа во своето обраќање истакна дека Колумбија високо ја цени посветеноста на нашата земја на европските интеграции и заложбите за мир и стабилност на регионот на Западен Балкан и изрази подготвеност за унапредување на билатералните односи, соработката во меѓународните организации и развој на севкупната соработка во областите од взаемен интерес.

На свечената церемонија, претседателот Пендаровски искажа поддршка и му посака успех на амбасадорот во вршењето на дипломатската мисија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...