Обраќање на претседателот Пендаровски на симулациската вежба „Хуманитарен одговoр 2023“

18 октомври 2023 | Обраќања, Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати по повод реализацијата на симулациската вежба „Хуманитарен одговoр 2023“, која се одржa под покровителство на претседателот, а во организација на  Црвениот крст на Република Северна Македонија во соработка со повеќе државни институции, институции за кризен менаџмент, како и национални друштва на Црвен крст од неколку земји од регионот.

Во рамки на настанот, кој се одржа во Градскиот парк во Скопје, на претседателот Пендаровски му беше доделено признанието Медал на Црвениот крст.

Симулациската вежба по прва помош во итна ситуација–земјотрес се организира по повод одбележувањето на 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје и како резултат на зачестените катастрофи во земјата и регионот.

© Фото: Кристијан Георгиевски

Почитувани волонтери и членови на Црвениот крст,

Почитувани претставници на државните институции и на локалната самоуправа,

 Почитувани гости,

 Драги пријатели,

 Ми претставува задоволство да ви се обратам по повод штотуку завршената вежба „Хуманитарен одговор 2023“ за која ја имав честа да бидам покровител.

Станува збор за настан, на кој на дело можеа да се видат капацитетите и подготвеноста на Црвениот крст на Република Северна Македонија, а сето тоа во соработка со сите релевантни партнери и фактори во системот на управување со кризи во нашата држава. Оваа вежба ги покажа сите позитивни страни од партнерството помеѓу државните институции и граѓанските организации, како и интерсекторската поврзаност и меѓуинституционалната соработка.

Токму преку настани како денешниов се отвора можност за унапредување на координацијата и комуникацијата како клучни аспекти во системот на кризниот менаџмент во државата, а тоа е од витален интерес за сите наши граѓани. Знаеме дека живееме во земјотресно активно подрачје и истовремено, сите сме свесни за климатските промени кои носат опасност од зачестени временски непогоди како поплави и екстремно високи температури,  кои погодуваат на појавата на суши и пожари. Неодамна бевме сведоци и на досега невидени појави кај нас, како што беше торнадото кое се појави во битолскиот регион.

Затоа е нужно да работиме и да придонесуваме за подготвеноста на институциите и на граѓанските организации, како Црвениот крст, за да имаме брз и адекватен одговор во итни и кризни ситуации. Не помалку значајна за квалитетен одговор на кризните ситуации е и меѓународната соработка, односно, поддршката, пред сè, од нашите сојузници, партнери и соседи. Сето ова дава дополнителна сигурност кај нашите граѓани и увереност дека во случај на потреба, меѓународната солидарност нема да изостане.

Драги пријатели,

Би сакал во оваа прилика да ги поздравам активностите на Црвениот крст кој во континуитет работи на надградување на своите капацитети за соодветна интервенција во кризни состојби.

Во овој контекст, заслужува да биде споменат нововоспоставениот Национален тим за прва помош на Црвениот крст кој дејствува во случај на катастрофи, но, исто така, ако има потреба, и во мирновременски периоди. Не помалку значаен е и воспоставениот Национален тим за прва психолошка помош и психосоцијална поддршка, кој дејствува преку Центарот за ментално здравје на Црвениот крст.

Верувам дека примерот на Црвениот крст ќе го следат и други граѓански организации и секоја, во доменот на своите цели и активности, ќе даде поддршка на националниот систем за кризен менаџмент.

Дозволете на крајот да се заблагодарам на сите учесници на вежбата и да им честитам за постигнатиот успех. Покажавте такво ниво на подготвеност и мотивираност што ни дава за право да констатираме дека во несакани ситуации на елементарни непогоди и катастрофи, ќе имаме соодветен одговор како држава и ќе им дадеме неопходна помош и поддршка на нашите граѓани во неволја.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...