Делегациja од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во состав полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот и Валентин Диневски, посебен советник за безбедност, по повод 18 Август – Денот на Армијата на Република Северна Македонија, на градските гробишта „Бутел“ во Скопје положи цвеќе на Партизанските гробишта и на вечните почивалишта на претседателот Борис Трајковски, на генерал Михајло Апостолски и на претседателот Киро Глигоров.
Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик
По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...




