Прес-конференција Пендаровски-Чапутова: Земјите-членки на ЕУ да го следат принципиелниот однос на Словачка во поддршката на македонските евроинтеграции

7 септември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата, се одржа и пленарен состанок на официјалните делегации на Северна Македонија и Словачка, по што претседателот Пендаровски и претседателката Чапутова одржаа заедничка прес-конференција.

Почитувана претседателке Чапутова,

Почитувани претставници на медиумите,

Имам исклучителна чест, во предвечерието на нашиот најзначаен државен празник, да бидам домаќин на словачката претседателка, мојата почитувана колешка, Зузана Чапутова.

Пријателството меѓу нашите две држави е засновано врз взаемната поддршка и почит, соработка во областите од заеднички интерес, но, пред сѐ, врз длабоките културни врски, за што е најзаслужно наследството на светите браќа Кирил и Методиј. Тоа наследство не потсетува на заедничкото минато, но, и не упатува на заедничката европска иднина, како своевидна мисија на обединување, токму како онаа на сесловенските просветители на времето.

Оваа посета го потврдува позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, дотолку повеќе што се реализира кога нашиот пристапен процес кон Европската Унија е веќе започнат. Нам ни се добредојдени словачките искуства од процесот на пристапување кон Унијата, кои сигурно ќе ни бидат од голема помош во тој процес.

Во оваа прилика, сакам да се заблагодарам за постојаната и исклучително гласна словачка поддршка за македонските евроинтеграции. Токму кога беше најтешко, Словачка, како вистински пријател, без калкулации, не поддржуваше во сите ситуации.

Искрено, се надеваме на сличен пристап во иднина од сите земји-членки, следејќи го токму принципиелниот однос на Словачка, како една од движечките сили на Вишеградската група.

Во тој контекст, со претседателката Чапутова разменивме мислења и за зајакнување на регионалната соработка како важен сегмент во евроинтеграциите, при што разговаравме за успешниот модел на земјите од Вишеградската група чие што искуство може да биде корисен пример и за земјите на Западниот Балкан.

Инаку, оваа посета се реализира во еден критичен момент за Европа. Како држави – членки во НАТО разговаравме и за безбедноста на континентот, во контекст на војната во Украина и последиците од неа кои сите ги чувствуваме.

Посебен фокус во разговорите беше интензивирањето на економската соработка која не го има достигнато својот реален потенцијал, иако билатералната трговска размена во последните 5-6 години бележи константен раст. Изразив очекување дека ќе видиме поголеми инвестиции на словачките компании кај нас, особено сега откако ги почнавме преговорите со Унијата.

На крајот, би сакал да го изразам моето уверување дека во следниот период односите меѓу Северна Македонија и Словачката Република ќе бидат кренати на уште повисоко ниво, а за тоа, освен споделените европски вредности и блиските културни и духовни врски, ќе придонесе и отворањето на нашата амбасада во Братислава. Во текот на овој месец, очекувам нашиот прв резидентен вонреден и ополномоштен амбасадор да ја преземе должноста во главниот град на Словачката Република.

Почитувана претседателке Чапутова,

Уште еднаш, Вам и на вашата делегација, ви посакувам топло добредојде и пријатен престој.

 

Благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...