Претседателот Пендаровски упати писмо на Брајова азбука до учесниците на Светското екипно првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица

26 јуни 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, упати поздравно писмо до шахистите, учесници на Светското екипно првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица, што се одржува во Охрид од 27 јуни до 8 јули 2022 година.

Во знак на поддршка на слепите и визуелно хендикепирани лица, а во соработка со Филозофскиот факултет во Скопје, писмото беше преведено на Брајова азбука.

„Примете го моето извинување што денес поради претходно преземени обврски не сум со вас на отворањето на Светското екипно првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица. Би сакал да ја искористам можноста писмено да ве поздравам посакувајќи Ви успешно одвивање на првенството и секако пријатен престој во Охрид и Република Северна Македонија. Навистина ни претставува особена чест што сме домаќини на 16 шаховски репрезентации и апсолутно сум убеден дека претстојното светско првенство ќе придонесе за дополнително афирмирање на шахот во нашата земја и ќе биде дополнителен мотив за сите кои рекреативно или професионално се врзани за оваа древна игра.

Шахот претставува своевиден симбол за животот, за животните борби и искушенија.  Тој е повеќе од спорт, од игра. Битките на шаховската табла изискуваат концентрација, креативност, упорност и смелост. Впрочем како и во животот. Сите фигури се со определени, ограничени движења, бројот на полињата е лимитиран на 64, а сепак постојат неброени комбинации и можности. И во животната реалност покрај ограничувањата и препреките, ништо не може да ја спречи волјата, мотивацијата, храброста. Дозволете да го пренесам мојот восхит на начинот на кој се справувате со животните искушенија и на страста и посветеноста на шахот.

Дозволете уште еднаш да посакам успешно организирање на шаховското светско првенство и интересни и незаборавни партии помеѓу шаховските мајстори.

Искрено,

Стево Пендаровски“

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...