Претседателите Пендаровски и Дуда на полско-македонски економски форум

24 октомври 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Варшава, во рамки на официјалната посета на Република Полска, заедно со претседателот Анджеј Дуда присуствуваа и се обратија на полско-македонскиот економски форум, во организација на Полската агенција за инвестиции и трговија и Кабинетот на полскиот претседател.

Претседателите Пендаровски и Дуда во своите обраќања констатираа дека меѓу Република Северна Македонија и Република Полска постои растечка економска соработка, но посочија дека трговската размена во изминатите години не соодветствува на економските потенцијали на двете држави.

Во своето обраќање,  претседателот Пендаровски изразувајќи задоволство што во интензивните контакти со претседателот Дуда секогаш во фокусот се издвојува место за економската соработка, рече дека тој сегмент добива уште поголемо значење ако се земат предвид сите потешкотии со кои се соочува целиот европски континент заради руската воена агресија во Украина.Тој додаде дека речиси и да не постои земја која не е економски погодена од воениот конфликт во Украина и која би можела самата да се справи со сите предизвици.

Во такви услови, рече претседателот Пендаровски, краткорочните решенија, кои сме присилени да ги носиме, само делумно ги ублажуваат негативните ефекти од не-економските фактори. „Затоа, натамошното системско и структурно јакнење на економската соработка меѓу нашите земји се наметнува како прв приоритет, бидејќи полза од тоа имате не само вие како стопанственици, туку и нашите граѓани кои директно ги чувствуваат ефектите од таквата соработка“, порача претседателот Пендаровски.

Претседателот Пендаровски, потсетувајќи дека меѓу Северна Македонија и Полска веќе постојат солидна договорно-правна основа и воспоставена мрежа на контакти меѓу бизнисите и соодветните институции, оцени дека направениот клучен исчекор во европските интеграции, отворајќи ги преговорите за членство во ЕУ, позитивно ќе влијае на севкупниот бизнис амбиент и натамошното економско поврзување со пријателските земји-членки на Унијата.

На средбата, претседателот Пендаровски изрази очекување дека бизнис заедниците на двете држави ќе успеат, дури и во вакви, кризни времиња и тешки ситуации да пронајдат можност за просперитет.

„Постојат голем број сфери каде имаме потреба од зголемена соработка и не смееме да чекаме подобри времиња, туку веднаш да се адаптираме на новата реалност и заеднички да ги искористиме сите понудени шанси. Секоја успешна бизнис приказна дополнително ги зацврстува и нашите билатерални односи, а тоа денес, во услови на нестабилност и атак врз нашите заеднички демократски вредности од страна на ретроградни меѓународни субјекти, е дополнителна вредност“, порача претседателот Пендаровски на бизнис-форумот.

Претседателот Пендаровски престојува во дводневна официјална посета на Република Полска. Со државни и воени почести, изутрината во Варшава, беше пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, по што се одржа тет-а-тет средба на двајцата претседатели, пленарен состанок на македонската и полската делегација, како и средба и со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...