Средба на претседателот Пендаровски со претставници на Американски совети за меѓународно образование

3 октомври 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Американски совети за меѓународно образование, меѓународна непрофитна организација со седиште во Вашингтон, кои престојуваат во посета на нашата држава.

На средбата се разговараше за активностите на Американски совети, која работи на подобрување на меѓусебното разбирање меѓу земјите, разменување идеи меѓу поединците и подобрување на соработката преку едукација.

Претседателот Пендаровски ја поздрави работата на организацијата, која 40 години е активна на глобално ниво, а веќе 20 години е присутна во нашата држава и успешно спроведува програми за културна и едукативна размена, вклучувајќи ги програмите YES и YES Abroad за размена на средношколци.

Посакувајќи натамошна успешна реализација на програмите, претседателот Пендаровски изрази уверување дека организацијата ќе продолжи активно да придонесува за заемното разбирање помеѓу културите, почит за различностите, воспоставување лидерски вештини и разбирање на граѓанското општество.

Претходно гостите ги посетија просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби, салата за свечености, настани и прес-конференции. Во Мозаик салата го разгледаа и впечатливиот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија – земјата памети“– дело на еден од нашите најзначајни современи уметници академик Глигор Чемерски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...