Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Антониа Радевска во улога на амбасадорка на Шведска, во рамки на активноста „Амбасадорка на еден ден“ во организација на Амбасадата на Кралството Шведска и иницијативата „Девојките преземаат“.
Радевска која е четврта година во државното средно училиште „Спортска академија“ со претседателот Пендаровски ги сподели впечатоците од денешните активности и остварените средби во улога на амбасадорка. На средбата Радевска се заблагодари за поддршката од претседателот на младите и ги сподели своите размислувања околу предизвиците со кои се соочува помладата генерација, одливот на мозоци, како и потребата од унапредување на образовните политики во земјава и неформалното образование.
Претседателот го поздрави нејзиниот интерес за стекнување на едно несекојдневно искуство и ѝ посака успех во натамошното образование.





