Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

27 септември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан.

На свечената церемонија на предавање на акредитивните писма, претседателот Пендаровски посочи дека нејзиното именување претставува уште една потврда на пријателските односи, но и за успешната развојна динамика на односите меѓу двете држави, како на билатерален, така и на мултилатерален план.

Посакувајќи успех во извршувањето на одговорната функција, претседателот Пендаровски изрази очекување за натамошно континуираното зајакнување на односите и на соработката меѓу Северна Македонија и Куба.

„Најискрено верувам дека идниот развој на односите и соработката, меѓу нашите две држави, ќе претставуваат позитивен пример и предизвик за нивно постојано надоградување со нови содржини во конкретни области, а пред сè во областа на здравството, економијата, културата, туризмот и во останатите сфери од заемен интерес“, истакна претседателот Пендаровски во своето обраќање.

Амбасадорката Мариета Гарсија Хордан во обраќањето ја истакна целосната подготвеност и заложбите на Република Куба за натамошно зајакнување на севкупните билатерални односи меѓу двете земји, особено на политичкиот дијалог, соработката во областа на културата и образованието, како и за поттикнување на економската соработка.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...