Јавен повик: „Волонтираме за солидарно општество“

24 април 2020 | Јавни повици, Соопштенија

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, со цел поддршка на хуманоста и солидарноста во нашето општество објавува повик за собирање  прехранбени продукти и хигиенски производи за поддршка на граѓаните од најранливите категории кои се во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот.

Под мотото „Тука сме, ѝ служиме на заедницата, си помагаме едни на други!“ #ТукаСме #ЕдниЗаДруги, ги повикуваме граѓаните, општествено одговорните компании, граѓанските организации, дипломатските претставништва во Република Северна Македонија, меѓународните организации и институции, во согласност со своите можности и ресурси, да се приклучат кон оваа иницијатива за заеднички да им ја дадеме неопходната помош на што поголем број наши сограѓани.

Производите ќе се донираат во канцеларијата на претседателот – „Млади Хаб“ во центарот на Скопје, којашто ќе биде целосно адаптирана во согласност со логистичките потреби, како и кај партнерите вклучени во оваа иницијатива.

Канцеларијата ќе работи три дена седмично (понеделник, среда и петок), а волонтери ќе се грижат за прием на производите, како и за подготовка на хуманитарните пакети и за нивна дистрибуција. При работата на волонтерите ќе се почитуваат сите протоколи за безбедност пропишани и препорачани од Владата и од Светската здравствена организација, вклучително и физичка дистанца, проветрување, дезинфекција, миење раце и носење заштитна опрема (маски и ракавици).

Работно време на канцеларијата „Млади Хаб“– за  центар за волонтери за поддршка со хуманитарни пакети за граѓани во социјален ризик, погодени од кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот:

  • Понеделник и среда од 10:00 до 13:00 часот – прием на производи;
  • Петок од 10:00 до 13:00 часот – подготовка и дистрибуција на хуманитарните пакети.

Сите заинтересирани можат да донираат конзервирана и пакувана храна, производи за чистење и перење, средства за лична хигиена и средства за дезинфекција.

Доставата до претходно определени граѓани кои се екстремно социјално загрозени ќе се врши во тесна соработка со партнерите, при што ќе бидат почитувани протоколите за заштита и за превенција, а врз основа на искуството од Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Кон оваа иницијатива ќе бидат вклучени следните партнери:

– Црвен крст на Република Северна Македонија;

– Иницијативата #РетвитниОброк, со фокус на гладни и бездомници;

– „Љубезност“ – здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци;

– Здружение за хумано-општествен развој – Проект „Среќа“, со фокус на децата;

– „Храна за сите – Банка за храна“, со фокус на собирање земјоделски, земјоделско-индустриски и трговски производи и дистрибуција до социјално загрозените граѓани.

Повеќе детали за начинот на достава, како и тип на производи коишто може да се донираат, може да се добијат од лицата за контакт од Кабинетот на претседателот:

Контакт лица од партнерските организации:

  • Црвен крст на Република Северна Македонија – контакт лице: Мајлинда Мустафа, тел: 071/22 39 64, е-пошта: mustafa@redcross.org.mk
  • Иницијативата #РетвитниОброк, со фокус на гладни и бездомници – контакт лице: Мила Тасевска, тел: 078/64 91 18, е-пошта: milataaa@gmail.com
  • „Љубезност“ – здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци – контакт лице: Тони Станковски, тел:078/26 37 92, е-пошта: stankovski.toni@yahoo.com
  • Здружение за хумано-општествен развој – Проект Среќа, со фокус на децата – контакт лице: Благица Ристов,тел: 078/ 40 52 64 , е-пошта: proektsreka.koordinator@gmail.com
  • „Храна за сите – Банка за храна“, со фокус на собирање на земјоделски, земјоделско-индустриски и трговски производи и дистрибуција до социјално загрозените граѓани – контакт лице: Душко Христов, тел: 070/34 36 36, е-пошта: bankazahranamk@gmail.com

Организации, компании и физички лица кои се приклучија кон иницијативата „Волонтираме за солидарно општество“ се:

  • Пекабеско АД
  • Даути Комерц АД
  • Макпрогрес ДОО
  • Рудник Саса
  • Алкалоид АД Скопје
  • ЕВН Македонија
  • Пивара Скопје АД
  • Фреш Фарм
  • Британска амбасада
  • Тинекс

 

Кабинет на претседателот на Република Северна Македонија

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...