Претседателот Пендаровски го посети Модуларниот ковид центар на Општата Болница во Кавадарци и оствари средба со иницијаторот на хуманитарната акција „Донирај компјутер“

22 април 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Кавадарци го посети Модуларниот ковид центар на ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност и оствари средба со Борче Стаменов, иницијатор на хуманитарната акција „Донирај компјутер“.

Здравствените работници ангажирани во Модуларниот ковид центар го информираа претседателот Пендаровски за моменталната состојба во центарот, неговиот капацитет, за тековната работа, за здравствената заштита на граѓаните и за предизвиците со кои се соочуваат во време на пандемија.

„Сите здравствени работници, особено оние во првите борбени линии заслужуваат огромна почит и признание за она што секојденевно го работат. Сите сме свесни дека болниците се соочуваат со недостаток на кадар. Затоа секој од нас треба да даде придонес, со одговорно однесување и доследно почитување на здравствените протоколи, да го релаксираме колку е можно повеќе здравствениот систем“, посочи претседателот Пендаровски.

Одговорните лица информираа дека сите здравствени работници, односно 20 доктори и 70 медицински сестри, вложуваат максимални напори со цел на ковид пациентите да им овозможат соодветна и ефикасна здравствена заштита.

Модуларниот ковид центар има  капацитет од 35 болнички кревети, а во рамки на болницата функционираат и две Ковид одделенија со вкупен капацитет од 60 болнички места. Во кавадаречката болница досега се хоспитализирани околу 800 ковид пациенти, а во Вакциналниот пункт кој е отворен на 31 март, досега се имунизирани 520 граѓани. Здравствените работници посочија дека процесот на вакцинација се одвива успешно, без несакани последици.

Во рамки на посетата на Кавадарци, претседателот Пендаровски оствари средба и со Борче Стаменов, иницијатор и организатор на хуманитарната акција „Донирај компјутер“.

Претседателот ги поздрави неговите лични заложби, во време на пандемија кога се наметнува потребата од онлајн образование, да им се помогне на социјално загрозените семејства кои немаат финансиска можност да им обезбедат компјутерска опрема на своите деца. „Секој хуманитарен ангажман ја заслужува нашата поддршка. Со секој личен пример и индивидуална помош ја подигаме јавната свест и придонесуваме за похумано и посолидарно општество“, посочи претседателот Пендаровски.

Преку хуманитарна акција “Донирај компјутер“ досега се донирани над 750 компјутери.

Изминатиов период претседателот Пендаровски ги посети вакциналниот пункт во Гостивар и вакциналниот пункт и Модуларната болница за ковид пациенти во Штип. 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...