Претседателски центар за политичко образование објавува повик за учесници на Школата за политики за 2021 година

16 февруари 2021 | Јавни повици, Соопштенија

Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование ќе биде организирана во духот на демократските политички вредности, промоцијата и заштитата на човековите права и слободи, политичкиот плурализам, меѓусебната толеранција, заедништвото и солидарноста. Во таа насока, Школата ќе настојува да ги поврзе учесниците со различно професионално искуство, кои имаат желба со своите знаења и вештини да придонесат за позитивен развој на општеството, во рамки на четири едукативни семинари со еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство.

Учесниците на Школата за политики ќе имаат можност да:
‒ ги унапредат своите знаења на темите демократија, одржлив развој, евроинтеграции и комуникации, притоа разбирајќи го процесот на креирање политики;
‒ следат предавања и интерактивни работилници од врвни домашни и меѓународни експерти;
‒ работат индивидуално и во групи со истакнати поединци – нивни врсници од општествениот и политичкиот живот во државата;
‒ ги зајакнат своите комуникациски, лидерски и меки вештини;
‒ имаат пристап до актуелна литература на темите и да следат општествени дебати на истите;
‒ остварат значајни контакти и да се вмрежат со експерти од областите кои ги опфаќа Школата.
Школата ќе се одржи во периодот од март до ноември 2021 година, за време на викендите. Присуството на сите четири едукативни семинари е задолжително. Учесниците кои ќе ја завршат Школата ќе се стекнат со сертификат.

Услови за учество:
‒ возраст од 25 ‒ 35 години;
‒ државјанство на Република Северна Македонија;
‒ работно познавање на англиски јазик, познавање на друг странски јазик ќе се смета за предност;
‒ истакнато учество во општествениот и политичкиот живот во државата, поттикнувајќи позитивни промени;
‒ солидни познавања на општествената терминологија;
‒ работното искуство ќе се смета за предност.

Потребни документи за апликација:
‒ Пријава која може да се симне на следниот линк;
‒ Биографија во облик на Europass CV;
‒  Две препораки од еминентни професори/работодавачи/соработници, релевантни за тематиката на Школата;
‒ Есеј на зададена тема по избор: 1. „Мојот придонес за позитивни промени во нашата држава“ и 2. „Мојата визија за демократскиот развој на Северна Македонија“.

Повеќе информации за Школата за политки при Претседателскиот центар за политичко образование се достапни на https://stevopendarovski.mk/pcpo/.
Селектираните кандидати ќе бидат повикани на усно интервју.

Целосната апликација треба да се испрати најдоцна до 1 март 2021 година на l.matevska@stevopendarovski.mk.

Претседателскиот центар за политичко образование цели да организира инклузивни и пристапни настани кои ќе овозможат сите учесници, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, целосно да учествуваат. Доколку имате потреба од повеќе информации за пристапноста на настаните или апликацијата, можете да нѐ контактирате на l.matevska@stevopendarovski.mk.

* Право на учество ќе имаат пријавените кандидати кои ги исполнуваат наведените услови и ќе достават целосна и навремена апликација.
** Трошоците за семинарите и за хотелското сместување при Школата за политики ќе бидат покриени од страна на Претседателскиот центар за политичко образование и партнерските организации. Едукативните семинари ќе бидат одржани во согласност со протоколите за работа во време на пандемија со COVID-19, изготвени од Комисијата за заразни болести и усвоени од Владата на Република Северна Македонија.


повик за школа за политики.pdf
често поставувани прашања.pdf

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...