Средба со претставници на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“

3 декември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска прими претставници на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“.

На средбата, којашто се оддржа по повод 3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост, претставниците на Фондацијата „Чекор по чекор“ го запознаа претседателот Пендаровски со нивните активности насочени кон градење отворено општество коешто ќе обезбеди можности на децата да ги развијат своите целосни потенцијали и да ги уживаат своите права. Тие информираа и за тековниот проект „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, којшто се реализира на национално ниво во соработка со Министерството за образование и наука, а е финансиран од Европската Унија. Целта на проектот е да ги подобри можностите за образование на децата со попреченост, нивно вклучување во редовниот образовен процес, како и јакнење на нивната социјална и образовна инклузија. Преку него, засега околу 290 деца од прво и второ одделение добиваат месечни стипендии, додека дел од директорите, наставниците, педагозите, психолозите и/или специјални едукатори се вклучени во работилници за професионален развој. Исто тaка, во рамки на проектот предвидено е 40 основни училишта да добијат поддршка/грантови за подобрување на пристапноста и/или средината за учење. Исто толкав број на тутори ќе се доедуцираат за да им помагаат на примателите на стипендии со поддршка во процесот на учење.

„Учениците со попреченост имаат право да растат, да се развиваат и образуваат заедно со своите соученици. Ние како Фондација неизмерно вложуваме во образованието бидејќи знаеме дека раната интервенција, раниот детски развој, образовните можности за секое дете водат до ученици кои во целост го искористиле својот потенцијал, личности коишто не добиле само образование туку создале своја иднина“, истакнаа на средбата од Фондацијата „Чекор по чекор“.

Претседателот Пендаровски порача дека државата и општеството во целина мора да водат постојана грижа за лицата со попреченост. Тој ги поздрави активностите на Фондацијата „Чекор по чекор“ и им порача и понатаму да се залагаат и да работат на поголема инклузија на лицата со попреченост во образованието, но и во општеството во целост.

„Македонското општество треба да го градиме како општество во кое има подеднакво простор и шанси за успех за сите. На лицата со попреченост да им покажеме дека сите имаме различни способности и треба заеднички да живееме со нашите разлики“  порача претседателот Пендаровски на средбата.

Во оваа насока претседателот Пендаровски искажа безрезервна поддршка и подготвеност да се вклучи во кампањата на Фондацијата „Чекор по чекор“, чија што главна цел е подигнување на јавната свест и создавање на инклузивно општество и инклузивни институции.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...