Во рамки на активноста Отворен кабинет денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од основните училишта од Скопје: „Петар Поп Арсов“, „Димитар Поп Георгиев – Беровски“, „11 Октомври“, „Коле Неделковски“ и „Живко Брајковски“.
Учениците имаа можност со претседателот Пендаровски да разговараат за неговата работа, за претседателските надлежности и активности, а ги посетија и просториите во коишто се одвиваат официјални и работни средби, свечености, настани, прес-конференции, предавање на акредитивни писма од странски амбасадори.
Од вработените беа запознаeни со историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот, со начинот на функционирање на институцијата и со диптихот „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“, дело на еден од најзначајните македонски уметници академик Глигор Чемерски кој се наоѓа во Мозаик салата.
Отворен Кабинет е активност во чии рамки досега Кабинетот го посетиле граѓани од различни возрасти, професии и занимања, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта и овозможува директни средби со претседателот Стево Пендаровски.





