Честитка од претседателот Пендаровски по повод 5 ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик

5 ноември 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 5 ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик, ја упати следната честитка до припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија:

„Ромскиот јазик е дел од ромската култура којшто со своите специфики претставува дел од мозаикот на нашето мултикултурно општество.

Со одбележувањето на 5 ноември – Светскиот ден на ромскиот јазик придонесуваме во зачувувањето на мајчиниот јазик на ромската заедница чија култура и традиција ја збогатуваат севкупната културна ризница во нашата држава.

Заложбите и посветеноста кон обезбедување услови за поголема институционална поддршка за изучување, употреба и зачувување на ромскиот јазик се чекор нанапред за негово натамошно негување.

Честит 5 ноември – Светски ден на ромскиот јазик!“

Стево Пендаровски

………………………………

O prezidenti Stevo Pendarovski, sebepi 5 noemvri – E romane čhibjakoro sumnaleskoro dive, bičhalgja akaja bahtakerin dži preperutne ki romani khedin ki Republika Utarali Makedonia:

„I romani čhib si kotor tari romani kultura savi pe specifikencar si kotor taro mozaiko ko amaro multikulturnikano sasoitnipe.

E nišankeribaja о 5 noemvri – E romane čhibjakoro sumnaleskoro dive, daja amaro dendipe bašo garavibe e romane khedinakiri dajakiri čhib kaskiri kultura thaj tradicia barvakerena o sahno kulturnikano mohto tari amari raštra.

O dendipa karing arakhibe kondicie baši majbaro institucionalnikano suporti bašo sikljovibe, istemalkeribe thaj garavibe i romani čhib si hapa angle baši lakoro arakhibe.

Bahtalo 5 noemvri – E romane čhibjakoro sumnaleskoro dive!“

Stevo Pendarovski

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...