Учество на Елизабета Ѓоргиевска на настанот „Училишта што го унапредуваат здравјето”

31 октомври 2023 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска денеска во Скопје беше дел од настанот „Кон глобалните стандарди за училишта што го унапредуваат здравјето  – Резултати од пилот активностите во четири училишта”, како заедничка активност на Светската здравствена организација, Министерството за здравство и Министерството за образование и наука.

На настанот на кој беа презентирани клучните наоди од иницијативата, се дискутираше и беше направена сеопфатна анализа на ситуацијата на здравјето и благосостојбата на учениците и имплементација на глобалните стандарди за училиштата кои го промовираат здравјето. Во своето воведно обраќање, проф. д-р Ѓоргиевска нагласи дека самата инцијатива симболизира колективен напор насочен кон создавање на подобра и попросперитетна училишна средина и дека целта е учениците да се обезбедат не само со квалитетно образование, туку и со алатки и знаење за водење на здрав и исполнет живот.

„Училиштата се местото каде што нашите деца и млади се стекнуваат со знаење и воспитание. Нашата цел и визија е покрај знаењата и вештините предвидени во наставните програми, училиштата  да бидат место на кое учениците ќе ја добијат и основата за грижа и унапредување на своето здравје. Впрочем училиштата треба да бидат местото,  кое, меѓу другото, ќе обезбеди можности за градење на здрав животен стил на учениците. Со овој пристап го признаваме и препознаваме суштинскиот придонес на училиштата во телесниот, менталниот и емоционалниот развој на нашите ученици.“ – истакна Ѓоргиевска.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на сопругата на Претседателот.

Почитуван д-р Шаќири, Министер за образование и наука,

Почитувана д-р Јохансен, Специјална претставничка на СЗО,

Почитувани гости,

Драги пријатели,

Имам особено задоволство и чест да бидам дел од денешниот настан на кој ќе бидат  презентирани резултатите и постигнувањата направени при имплементацијата на иницијативата „Училишта што го унапредуваат здрвјето“. Дозволете најпрво да изразам голема благодарност кон сите вас кои бевте вклучени во спроведувањето на оваа иницијатива. Вашата посветеност кон здравјето и развојот на нашите млади е за пофалба, а резултатите од иницијативата за која што сме денес собрани се потврда за посветеноста на нашите наставници, родители и самите ученици.

Самата инцијатива симболизира колективен напор насочен кон создавање на подобра и попросперитетна училишна средина. Целта е учениците да се обезбедат не само со квалитетно образование, туку и со алатки и знаење за водење на здрав и исполнет живот.

Училиштата се местото каде што нашите деца и млади се стекнуваат со знаење и воспитание. Нашата цел и визија е покрај знаењата и вештините предвидени во наставните програми, училиштата  да бидат место на кое учениците ќе ја добијат и основата за грижа и унапредување на своето здравје. Впрочем училиштата треба да бидат местото,  кое, меѓу другото, ќе обезбеди можности за градење на здрав животен стил на учениците. Со овој пристап го признаваме и препознаваме суштинскиот придонес на училиштата во телесниот, менталниот и емоционалниот развој на нашите ученици.

Почитувани,

Додека ги презентираме постигнувањата на оваа иницијатива, насочени сме  и кон иднината и чекорите што следат. Успехот и научените лекции во оваа фаза ќе бидат патоказ за создавање на училишта коишто суштински придонесуваат во унапредувањето на здравјето како врвен приоритет на нашето општество. Заедно можеме да придонесеме секое училиште да стане место каде нашите млади можат да растат, да учат и да напредуваат во безбедна средина. Се радувам да ги проследам вашите впечатоци и размислувања кои ќе ги формираат идните чекори во овој сериозен процес.

Дозволете на крајот уште еднаш да се заблагодарам на сите инволвирани за мотивираноста и посветеноста кон создавањето на подобра  училишна средина за нашите ученици.

Да продолжиме партнерски да работиме заедно за добробитта на нашите млади и воопшто на целата нација.

Ви благодарам.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...