Учесниците на мултимедијален настан на караванот „Остави трага“ во посета на Вила Билјана во рамки на „Отворен кабинет“

20 август 2023 | Aктивности, Соопштенија

Во рамки на активноста „Отворен кабинет“, Вила Билјана во Охрид ја посетија учесниците на регионалниот мултимедијален настан на карванот „Остави трага“ којшто е дел од серијата јавни настани насловени „Дојди раскажи ја својата приказна – Остави трага“  спроведен од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи заедно со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.

Посетителите имаа можност да ја разгледаат и да се запознаат со историски податоци за Вила Билјана, беа информирани за работата и надлежностите на претседателот Пендаровски, а ги посетија и просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби. 

Во рамките на посетата, посетителите имаа можност да се запознаат и да поразговараат со сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска со која разговараа на теми поврзани со нејзините активности, како и за нејзината вклученост во мултимедијалниот настан на карванот „Остави трага“.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...