Средба на претседателот Пендаровски со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која

7 септември 2020 | Соопштенија, Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

На средбата двајцата соговорници разменија мислења и информации за состојбата во земјата по одржаните предвремени парламентарни избори и формирањето на новата Влада, како и за предизвиците и приоритетите во претстојниот период  во контекст на европските аспирации на земјата.

 

Амбасадорот Која го запозна претседателот Пендаровски со тековните активности на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Соработката меѓу домашните институции и Мисијата на ОБСЕ во Скопје трае повеќе години во различни области и на повеќе програми, при што Мисијата на ОБСЕ дава советодавна и програмска поддршка во реформа на полицијата, медиумски слободи, изборните реформи, родова еднаквост, добро владеење, човекови права, спроведување на интегрирано образование .

Соговорниците, исто така, разменија мислење и за предизвиците во справувањето со пандемијата на КОВИД-19, како и за мерките кои се преземаат на национално и локално ниво од институциите во земјата.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...