Отворен ден во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија

8 ноември 2019 | Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„Д-р Владимир Полежиноски“ од Кичево, денеска го посетија Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет.

За време на посетата на Кабинетот, учениците имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Пендаровски, да се информираат за неговите надлежности, да присуствуваат во просториите во коишто се одвиваат официјалните и работните средби, како и во салите во коишто се организираат свечености, состаноци, настани и прес-конференции. Посетителите се сретнаа и со дел од вработените во Кабинетот, и беа запознаени со историјатот на Вила Водно, со дел од активностите, и со начинот на функционирање на оваа институција.

Учениците од ООУ „Д-р Владимир Полежиноски“ имаа можност да присуствуваат и на церемонијата за промена на државното знаме на платото во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, извршена од припадниците на Баталјонот за почести и опслужување на Армијата, што се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Северна Македонија, како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

Денешниот настан е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, со кој се реализираат директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Сите заинтересирани граѓани и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот http://stevopendarovski.mk/?page_id=3016 ќе имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи, предлози и сугестии, како и да присуствуваат на настани од јавен карактер коишто ќе бидат реализирани во Кабинетот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...