Доделени сертификатите на учесниците во програмата „Млади менаџери и бизнис лидери“

14 мај 2021 | Соопштенија

Во Кабинетот на претседателот денеска беа доделени сертификатите на учесниците во програмата „Млади менаџери и бизнис лидери“ кои што во изминатиов период успешно ја завршија обуката во осумте компании – членки на Советот на странски инвеститори: ЕВН Македонија АД, Комфи Ангел, Ван Хоол Македонија, Кемет Електроникс Македонија, ЕОС Матрикс Македонија, Филип Морис ТКП, Рамстор Македонија и Макстил АД Скопје.

Претседателот Пендаровски изразувајќи благодарност до овие општествено одговорни компании кои ги ставија на располагање своите капацитети, овозможувајќи им стручно усовршување на младите менаџери и бизнис-лидери, истакна дека преку оваа програма, се мотивираат младите професионалци да останат и да се реализираат тука, во Северна Македонија. Тоа, како што посочи претседателот Пендаровски ќе ја трансформира нашата држава во слободно и просперитетно општество во кое ќе се ценат квалитетот, посветеноста и професионалноста.

„Кандидатите понудија нови, свежи перспективи коишто сигурно ќе им бидат од корист на компаниите. Некои од решенијата што младите учесници ги подготвија се толку квалитетни, сеопфатни и издржани, што компаниите се подготвени и практично да ги имплементираат“, рече претседателот Пендаровски.

Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази задоволство за интересот кај дел од компаниите професионално да ангажираат неколкумина од годинашните учесници, што е големо признание за оваа лидерска програма.

„Ова значи дека сме на вистинскиот пат да создадеме генерација на млади, креативни и посветени луѓе кои не им робуваат на старите модели, туку се подготвени да се соочат со новите и брзи промени на дигиталната ера“, нагласи претседателот Пендаровски.

Претседателот на Советот на странски инвеститори Штефан Петер од своја страна потенцираше дека најдобриот резултат на програмата се понудите за работа на дел од учесниците. „Направивме одлична работа во најтешкиот период, во услови на пандемијата на Ковид-19“, истакна Петер.

Во рамки на годинашната програма кандидатите имаа можност да стекнат нови, практични искуства за стратешко планирање, да ги развијат своите лидерски вештини и да ги покажат своите знаења. „Млади менаџери и бизнис-лидери“ се реализира преку соработка меѓу Кабинетот на Претседателот на Северна Македонија и Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

© Фото: Кристијан Георгиевски Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...